ТФТ на крајот убедлив против Феникс во битката за третото место!

92

Дерби мечот за третото место во Првата лига му припадна на ТФТ, кој го совлада Феникс со убедливи 66-76 во рамките на 19 коло. Тимот од Тафталиџе сега има две победи повеќе од противникот и полека чекори кон посакувана цел.

Костоски со 23 поени беше прв стрелец, зад него беше Андерсон со 18 поени. Кај домаќинот Трајковски беше осамен со 27 поени и 14 скока.

Феникс и ТФТ ги оправдаа очекувањата, одиграа одличен меч, кој победникот го реши третата четвртина. По изедначените 38-38 по првото полувреме, гостите одиграа одлично во третата четвртина. На противникот му дозволија да постигне само девет коша, додека тие дадоа 19.

На стартот на последната четвртина ТФТ имаше позитива од 47-57, но тоа не беше доволно за лесна завршница. Феникс се врати на минус два 64-66, но тука и застана. Андерсон, Костоски и Симоновски со тројки го дигнаа тимот и го отворија патот кон триумфот.

ПретходноМакедонија ќе игра на ЕП во ракомет на плажа!
СледноНиколиќ: Немаме оправдувања за ваков лош натпревар!