У-17: Македонија поразена од Романија

332

На теренот на спортскиот центар “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, денеска во пријателска натпревар, селекцијата на У-17 на Македонија доживеа пораз од соодветната селекција на Романија со 2:3. Гостите имаа водство и со 1:3, но нашите надежи во финишот успеаја да го ублажат поразот.

Втората контрола меѓу овие две селекции се игра во понеделник исто на терените на ФФМ во Скопје.

Денешниот меч од ложата го гледаа и првиот селектор на А-репрезентацијата Андон Дончевски, кој беше во друштво на Миодраг Белодедиќ и Илија Најдоски.

ПретходноНеверојатно: Осумте најпосетени мечеви во историјата на Евролигата и сите кога Партизан бил домаќин!
СледноТриумф на пенали против Финска и обезбедено финале во Анталија