“Кралевите“ во шок: Винициус одби да ја носи “седумката“ во Реал!

1991

Ете, и тоа се случи. Да има некој фудбалер на Реал Мадрид кој одбива да го носи дресот со бр.7 на грбот. А тој е Винициус Жуниор.

Имено раководството на “крачевите“ и фановите на клубот од Мадрид, се во шок.

Тие не можќат да сфатат дека Бразилецот сака и натаму да го носи дресот со бр.20, а не “седумката“ која сега ја носи очајниот Еден Азар. Реал Мадрид сака по секоја цена да го “откачи“ Азар и за наредната сезона има намера, ако тој сепак остане во Мадрид, да му ја земе “седумката“ која пред него ја носеше Кристијано Роналдо.

Сепак, сега проблеми прави Винициус.

Инаку познато е дека бројот седум е култен број на “Сантијаго Бернабеу“. Пред Роналдо белиот дрес на Реал со тој број го носеа Раул, Бутрагењо, Хуанито, Амансио, Копа…

ПретходноБањаја со двојно славје, Маркез прописно се обрука (ВИДЕО)
СледноИ Филип Гачевски заедно со Комити против Пелистер денеска