Навистина неверојатно, ова го има само на Балкан, или само во Србија. Утринава кај наш северен сосед во Белград се случил незапаметен скандал, нешто невидено кога станува збор за женскиот фудбал.
Имено две фудбалерки на Рад, на Ада Циганлија и направиле “сачекуша“ на фудбалерка на Пожаревац и буквално ја претепале.
Како што јавуваат медиумите во Србија, станува збор за фудбалерките Невена Марковиќ и Александар Убовиќ. И двете ја сочекале Софија Илиќ и ја претепале. Тие овој напад го планирале речиси една недела, уште од мечот меѓу Рад и Пожаревац минатиот викенд,притоа и испраќале и заканувачки пораки во неколку наврати во изминатите денови, а еве се одлучиле и да ја претепаат што и го сториле.