Трката за големата награда на Португалија возена викендов е премиерната од новата Мото ГП сезона, а на неа апсоутен победник е Пеко Бањаја. Тој победи и на вчерашниот спринт, а и денеска на главната трка, искористувајќи ја пред се глупоста на Марк Маркез кој испадна поради сопствена грешка.
Зад Бањаја заврши Маверик Вињалес кој профитираше од откажувањата на ривалите, а во првите десет се најдоа уште Безеки, Зарко, Алекс Маркез, Биндер, Милер, Квартараро, Еспаргаро и Ринс.