Вардарова доминација и шампионска лекција за Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

440

Вардар 1961 вечерва потврди зошто е актуелен бранител на титулата во Македонија. „Црвено-црните“ одиграа шампионски, од 25 минута до крајот на мечот му држеа час по ракомет на најголемиот конкурент за тронот – Пелистер.

Вардар не прослави било каква победа, вечерва го совлада Пелистер со седум гола разлика (31-24), испрати порака до битолчани дека за пехар треба многу повеќе. На крајот ракометарите на македонскиот првак победата ја прославија во голем стил со своите навивачи, но и со специјално знаме, со соцето на Вергината.

Претходно„Лавовски крик“ на Мартин Томовски!
СледноТалески: Победи вардарското срце!