Вецлар конечно стави крај на серијата од девет порази во низа. Тимот за кого настапува Филип Кузмановски, а помошник е Филип Миркуловски го совлада Штутгарт на гости со 28-30 во рамките на 24. коло во Бундес-лигата.
Со овие бодови Вецлар направи чекор напред кон опстанокот во домашниот шампионат, сега е над зоната за испаѓање, но со четири бода предност пред Минден, кој е претпоследен.
Македонскиот репрезентативец пред крајот на мечот поцрвене. Во 58. минута мораше да го напушти теренот. Инаку средбата ја заврши со два гола од четири обиди.