И официјално: Тотенхем и Конте се разделија

292

Она што се очекуваше и се најавуваше, вечерва се оствари. Тотенхем и Антонио Конте спогодбено ја раскинаа соработката.

Оваа промена доаѓа по контроверзното интервју кое го даде Конте по мечот со Саутемптон.

“Можеме да објавиме дека главниот тренер Антонио Конте го напушти клубот по меѓусебен договор. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме добро во иднина.

Кристијан Стелини ќе го преземе тимот како в.д. главен тренер до крајот на сезоната, заедно со Рајан Мејсон како помошник главен тренер”, се вели во соопштението на клубот.

Конте во Тотенхем дојде во 2021 година од тимот на Интер.

ПретходноПикси пред дуелот со Црна Гора: Се исплашив кога видов дека игра Савичевиќ
СледноНагелсман ќе биде наследникот на Конте на клупата на Тотенхем?