Голманот на ФК Вардар Филип Гачевски кој не ја крие својата поврзаност со навивачката група Комити, денеска ќе биде дел од нив на дербито против Пелистер.
Не фудбалското, туку она ракометното. Комити десетина дена се подготвуваат за овој меч, подготвуваат спектакл, а Пелистер ќе биде бодрен од пет автобуси Чкембари кои се на пат за Скопје.
Гачевски предмалку објави фотографија со која најави дека ќе биде дел од дербито, а познајавиќи го популарниот Гача, јавноста нема да биде изненадена и да го види како водач на навивачката група денеска.