Казахстан со сензационален пресврт против Данска (ВИДЕО)

394

Репрезентацијата на Казахстан на најдобар можен начин ги рехабилитираше тековните квалификации за ЕВРО 2024. Со триумф на домашен терен против Данска и тоа со голем пресврт.

Откако данците по половина час водеа со 0:2, и се беше сведено за нив на рутина до крајот на мечот, домаќинот не мислеше така.

Со серија на измени, правилни како што се покажа подоцна, Казахстан најпрво во 73. минута намали на 1:2 преку Зајнутдинов, за да во 86. минута Тагуберген израмни на 2:2.

Конечно, големиот пресврт го оствари Ајмбетов со удар со глава на фантастичниот центаршут на Вороговскиј од левата страна.

Гостите шокирани, и немоќни да се вратат во последните три четири минути можеа само немо да гледаат како им избегаа од раце веќе впишани бодови на контото.

ПретходноИ Филип Гачевски заедно со Комити против Пелистер денеска
СледноМанекенка се фалела дека „спиела“ со Ришарлисон, ама тоа да ти бил негов двојник!