Драгиша Гудељ вчера на дуелот од Трета лига помеѓу Кордоба и Ферол остана без свест. Амбулантното возило веднаш влезе на терен, лекарите се бореа за неговиот живот, според тамошните медиуми реанимацијата траела дури седум минути.
Српскиот фудбалер, кој е брат на познатиот фудбалер Немања Гудељ се освести и веднаш беше пренесен во болница. Пред да биде ставен во амбулантното возило, тој посака да влезе во игра.
Неговиот тим излезе со соопштение за состојбата на Гудељ, тој се чувствува добро и наскоро ќе бидат познати сите детали по направените анализи.
„Гудељ на кратко остана без свест, но кога го напушташе теренот беше тотално свесен. Сакаше дури и да се врати во игра, но решивме да го испратиме во болница. Последните вести кои ги имаме за него се дека се наоѓа на интензивна нега и дека му се прават детални анализи за да се утврди зошто паднал на теренот. Им благодариме на лекарите на брзата интервенција“, пишуваат од Кордоба.
ℹ️ Nos alegra informar de que Dragi ha pasado bien la noche y que pronto pasará a planta 🙌#FuerzaGudelj 8️⃣🦅 pic.twitter.com/CEj53yQNAZ
— Córdoba CF🇷🇸 🦅 (@CordobaCF_ofi) March 26, 2023