Ако се бара во мозаикот една од главните спојки поради која Вардар 1961 доминираше против директниот конкурент за титулата, Пелистер, во првата пресметка оваа сезона, во тој случај, тоа ќе биде Мартин Томовски.
Македонскиот репрезентативен голман блескаше на својата мрежа, беше стабилен, тешко совладлив, и во првото полувреме, и во вториот дел. Заедно со Лесјак имаа шоу во првитр 30. минута, а потоа во второто полувреме, Томовски продолжи сам.
Зад своето име на крајот запиша 12 интервенции, доволни за победа од 31-24 и големо славје во СЦ „Јане Сандански“.