Македонија У16 подобра од Косово

995

Младата репрезентација на Македонија до 16 години во контролен дуел против Косово во рамките на Уефа развојниот турнир успеа да слави убедлива победа со 5:1за.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари на стадионот Албена одиграa феноменален натпревар, во целост го надиграа својот противник и заслужено се радуваа на убедлива победа.

Един Етоски во 43. минута го отвори резултатот на денешната средба. Адми Латифи на самиот старт на второто полувреме успеа да го затресе противничкиот гол и да ја зголеми нашата предност. Две минути беа доволни Македонија да постигне уште еден гол, трет во мрежата на Косово. Един Етоски се најде на вистинското место и го матираше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на денешниот меч. Капитенот Стефан Младеновски го постигна четвртиот погодок за нас во 77. минута. Минута подоцна истиот играч погоди за  убедлива предност на Македонија од 5:0.

Косово до крајот на мечот успеа само да го ублажи триумфот на Македонија, за конечен резултат 5:1.

Македонија: Давид Илоски, Хисар Али, Кристијан Ѓоргиевски, Горјан Груевски, Артан Исмаили, Марко Киш, Стефан Младеновски, Албион Муслиу, Игор Ристов, Емир Саботиќ, Беркај Шаини;

Селектор: Дашмир Беари

ПретходноДерби со прекин и навивачи на терен: Вардар води со три гола против Пелистер (ФОТО)
СледноЦрна дамка и победа на првакот: Вардар му одржа лекција на Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)