Немања Гудељ: Брат ми Драги е добро, а лекарскиот тим на Кордоба му го спаси животот

1205

Светот пред 24 часа се шокираше од информацијата која пристигна од Шпанија, а која велеше дека српскиот интернационалец Драги Гудељ колабираше на сред терен и итно беше пренесен во болница.

По молкот околу неговата состојба, се огласи братот на Драги, далеку попознатиот српски репрезентативец Немања Гудељ кој преку социјалните мрежи ја сподели сликата од неговиот брат со информацијата дека тој се чувдствува добро. Исто така се заблагодари и на огромниот број на пораки и повици за поддршка, како и на лекарскиот тим на тимот на Кордоба кој што буквално му го спасил животот на младиот фудбалер.

Неговото срце во еден момент престанало да работи и лекарскиот тим морал итно да интервенира. За среќа се што сториле во првиот момент имало сериозен ефект и Гудељ нема да има трајни последици.

ПретходноЈовиќ: По прекинот, излеговме како друга екипа!
СледноПелистер победнички во Гевгелија и продолжи да го притиска лидерот