Нигеријецот на „пиратите“: Македонската лига е одлична! За две години се гледам во Барса, Јунајтед…!

2377

Рашид Содик, членот на Скопје даде интересно интервју за медиумите во својата земја. Нигериски фудбалер е импресиониран од Првата лига во Македонија иако неговиот тим се бори за опстанок.

Тој во зимскиот преоден рок како слободен играч дојде во тимот на Скопје, а само три месеци беа доволни за да ја издигне ПМФЛ-лигата, во која гледа шанса да се издигне како играч и да направи трансфер.

„За Македонија не знаев ништо. Лигата е одлична, од тука е полесно да одиш во врвен клуб, но ако го дадеш најдоброто и ако го покажеш квалитетот. Има многу менаџери од различни земји кои ги следат натпреварите. Македонската лига е една од најдобрите, добри партии можат да ги донесат преселба во врвен клуб. Јас до тука дојдов со напорна работа. Оваа лига ми овозможува да се докажам. Верувам дека нешто големо ќе дојде за мене, а најважна во моментов е посветеноста“, изјави за тамошните медиуми Содик. 

Тој за неколку години се гледа во дресот на Барса, Јунајтед, Сити…

„За две години се гледам во некој гигант како Барселона, Челзи, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал… Нема да престанам да работам додека не го остварам тоа. Тоа е мој сон и напорно работам за да стигнам до највисоко ниво, а со помош на Бог – ќе успеам“. 

ПретходноНа 32 години дебитираше за Шпанија и за две минути постигна два гола!
СледноПред 65.000 навивачи Мароко го урна Бразил (ВИДЕО)