Одлична партија на Димитријевиќ во поразот на Уникс, нова победа на Рајковиќ и ЦСКА!

121

Со завршувањето на мечевите од 32.коло во ВТБ лигата заврши и регуларниот дел.

Ненад Димитријевиќ, нашиот најдобар кошаркар одигра уште една одлична партија попладнево за својот Уникс Казан на гостувањето кај Зенит. Сепак не можеше да му помогне на својот тим кој беше поразен со 83:78.

Нено мина на паркетот 28.52 минути а притоа постигна 14 поени, немаше промашување од игра, беше втор најдобар стрелец кај својот тим, имаше и 4 асистенции.

Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со стил ја завршија оваа фаза, и тоа со победа против Локомотив Кубан со резултат 94:74. Ова беше триесеттата победа на „армејците“ во изминатите 32.кола. Па така тие уверливо завршија на првото место на табелата.

ПретходноЅвездата на Баерн: Јас сум популарен лузер, немам семејство, осамен сум, а и девојката не живее со мене!
СледноДеспотовски: Работиме напорно, оваа генерација може многу