Екипата на Пелистер со триумф си заминува на гостувањето во Гевгелија против екипата на Кожув со 88:100 и со тоа продолжуваат да го притискаат лидерот на табелата МЗТ Скопје. Интересно Кожув тргна добро и по десеттина минути водеше со 21:12, на крајот на првото полувреме предноста на домашните изнесуваше 41:38.
По одморот „зелено-белите“ се разиграа. На почетокот на последната четвртина имаа 60:69 и на крајот стигнаа и до поубедлива победа од 88:100.
Кај Кожув најефикасен беше Ризвиќ кој постигна 21 поен, а Гордон постигна 20. Кај Пелистер најмногу поени постигна Хаџифејзовиќ кој имаше дабл-дабл ефект со 24 поени и 11 скока, а Стајиќ постигна 20.
Пелистер има скор од 15-4 и е втор со исто бодови со МЗТ кој има меч помалку, а Кожув е осми со ефект 8-11.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО
Кожув – Пелистер 88:100
Куманово 2009 – Работнички 54:82
Чаир 2030 – Гостивар 88:93
Феникс 2010 – ТФТ Мozzart 66:76
Струмица 2022 – Навико Академија ФМП 94:99
28. МАРТ (ВТОРНИК)
19.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром