Пред 65.000 навивачи Мароко го урна Бразил (ВИДЕО)

4182

Репрезентацијата на Мароко дојде до уште еден голем резултат по освоеното четврто место на Светското првенство во Катар. Фудбалерите на оваа земја пред 65.000 навивачи во пријателски натпревар го совладаа Бразил со 2-1, за првпат во својата историја.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Софијан Буфал во 29. минута. Во вториот дел Бразилците израмнија на 1-1 преку Касемиро во 67. минута, додека голема победа за Мароканците донесе Сабири во 79. минута.

ПретходноНигеријецот на „пиратите“: Македонската лига е одлична! За две години се гледам во Барса, Јунајтед…!
СледноХаланд заработува 426.000 евра неделно, „Сан“ објави колку Сити ќе му ја зголеми платата!