Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго ја имаше таа чест да биде првиот во селекцијата на Бразил кој го носел дресот со бр.10 по смртта на Пеле. Обично тој дрес го носи Нејмар, но поради повредата на мега – ѕвездата на ПСЖ, на вчерашниот меч со Мароко, таа чест му припадна на ѕвездата на “кралевите“.
Познато е дека дресот на Бразил со бр.10 е заштитен знак на КРАЛОТ на фудбалот – Пеле.
“Ние во репрезентацијата на Бразил сме свесни дека сме познати благодарение на Пеле. За мене е чест да ја продолжам традицијата која, по Пеле и Нејмар, јас да го носам дресот со бр.10. Пред да заминам во Реал Мадрид бев во куќата на Пеле, имавме неколку часовна средба. Му се восхитував и тогаш, ама сега уште повеќе“ кажа Родриго.