Дербито е прекинато: Чкембари влегоа во СЦ „Јане Сандански“ и настана хаос (ВИДЕО)

23044

Дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер е прекинат во 16:31 минута на теренот. Домаќинот потфрли во организација, иако беше познато дека ќе има судир на двете навивачки групи, сепак дозволи лесно да настане хаос на теренот. Малку обезбедување на трибините, а уште помалку запазен редот кога станува збор за ваков меч.

Само што влегоа „Чкембари“ на трибините веќе не се знаеше кој е играч на теренот, а кој е навивач. Се испомеша се..Комити вртчаа да се пресметаат.

Ракометарите на Пелистер се повлекоа веднаш, бидејќи на теренот се најдоа фанови на Вардар, кои се упатија кон Чкембари, па почнаа на теренот да летаат секакви предмети.

Да потсетиме дека Урбан Лесјак беше погоден со паричка, но тој не направи голема драма, продолжи мечот се до овој момент.

Ова е срамно за спортот во Македонија, срамно за едно вакво дерби.

ПретходноНапаѓачка криза во Хрватска, се повреди и Ливаја
СледноДерби со прекин и навивачи на терен: Вардар води со три гола против Пелистер (ФОТО)