“ФК и КК Партизан должат 26 милиони евра за неплатен данок… и пак јас сум пе*ер“, како што скандираат нивните фанови!“

703

Како “бомба“ одекна утринава изјавата од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за тоа колку должат на име на неплатен данок Партизан и Ц. Звезда, посебно „црбно – белите“, и тоа и кошаркарскиот и фудбалскиот.

ФК и КК Партизан заедно и должат на државата Србија на име на неплатен данок цели 26 милиони евра. И пак јас сум пе*ер за фановите на овој клуб, барем така скандираат, а ние им пуштаме на нивниот клуб да не плаќа, а сите останати мораат да го платат данокот. Ц. Звезда имаше долг од 10 милиони евра, но платија поголема сума и таа сега изнесува, мислам долгот, околу 3 милиони евра. Искрено кај нас најздрав клуб е Војводина. Да, вистина е дека јас навивам за Ц.Звезда и тоа не го кријам“ рече покрај другото претседателот на Србија.

ПретходноЕпизода број еден: Вардар 1961 vs Пелистер, нека биде ракометна фешта!
СледноСо нов гест, аргентинската федерација уште еднаш покажа што мисли за Меси!