Халанд заработува 426.000 евра неделно, „Сан“ објави колку Сити ќе му ја зголеми платата!

222

Манчестер Сити сака да го направи Ерлинг Халанд еден од најплатените во Премиер-лигата. Раководството на клубот планира да му даде плата од 568 илјади евра неделно, откри „Сан“.

Норвежанецот постигна 42 гола во 37 настапи, во овој момент тој заработува 375 илјади фунти неделно, поточно 426 илјади евра, наведуваат англиските медиуми.

„Сан“ тврди дека иста плата имаат неговиот соиграч, Кевин де Брујн и голманот на Јунајтед, Давид де Хеа. Но, Сити сака да му ја зголеми платата за половина милион фунти. Причината за ваквиот потег е да го спречат Реал Мадрид да го земе во своите редови наскоро.

Неговиот договор со Сити е до 2027 година. Со новата соработка тој би останал до 2028 година, а спред „трансфермаркт“ тој вреди 170 милиони евра. Во дресот на „граѓаните“ дојде, откако беше активирана неговата откупна клаузула од 60 милиони евра, која ја имаше во Борусија Дортмунд.

ПретходноПред 65.000 навивачи Мароко го урна Бразил (ВИДЕО)
СледноКордоба се огласи за состојбата на Гудељ, реанимацијата траела седум минути!