Алфонсо Дејвис (22), одличниот лев бек на Баерн Минхен и репрезентацијата на Канада, еден од најдобрите фудбалери во светот на таа позиција, недомна се пожали дека не му е баш бајковито надвор од фудбалските терени.
“Да си професионален фудбалер секако дека кул. Можеш да уживаш, но после тренинзите и натпреварите нема што да правиш. Јас сум популаерн лузер, нема семејство, осамен сум, а и девојката не живее со мене. Загрижувачки е тоа што немам што да правам надвор од фудбалот. Имам само пет пријатели, но проблем е кога тие се работа. Си имам проблеми“ посочи Дејвис.