Јовиќ: По прекинот, излеговме како друга екипа!

750

Никој во Пелистер, ниту во Битола не се надеваше на убедлив пораз во Скопје од седум гола разлика (31-27). Момците на Александар Јовиќ почнаа добро, но после прекинот на теренот изгледаа како поинаква екипа. Вардар ја казнуваше секоја нивна грешка.

И покрај едно вакво сценарио, од таборот на Пелистер велат дека ништо не е завршено, има време за да се реши шампионот оваа сезона.

„Искрено, не очекувавме да одиграат нашите играчи на ваков начин. Почнавме добро, но по прекинот, што е недозволив на вакви натпревари, излеговме на терен како друга екипа. Дали заради тоа што имаме многу играчи што немаат почувствувано вакво нешто или нешто друго, ние бевме сосема други по прекинот. Вардар не ловеше на секоја грешка и заслужено победи со голема разлика.

Вардар има голема предност, без разлика што нема широк ростер, ги има играчите-победници како што се Талески, Манасков, Георгиевски, Стоилов, Томовски, Ристовски… така што мислам дека имаме време да анализираме каде грешевме. Екипата ни покажа второ лице од она против Нексе и мора да ги детектираме сите аномалии пред вториот дуел во Битола. Нашето првенство е квалитетно, има и други натпревари за играње, не смееме да заборавиме на Тиквеш, Алкалоид, Охрид… Додека не се реши се, не може да кажеме кој е шампион. Вардар е во голема предност, но има уште да се игра“, изјави Јовиќ.

ПретходноТалески: Победи вардарското срце!
СледноНемања Гудељ: Брат ми Драги е добро, а лекарскиот тим на Кордоба му го спаси животот