Јокиќ му покажа на Јаникс кој е МВП, Денвер го растури Милвоки во судирот на најдобрите (ВИДЕО)

1406

Пресметката меѓу двата најдобри тимови во НБА-лигата мина во знакот на Денвер на Никола Јокиќ, кој дуелот со Милвоки Бакс го доби со убедливи 129-106. Оваа средба не беше во центарот на вниманието само поради тоа што станува збор за лидерите во најсилното светско клупско првенство, туку и поради пресметката на еден од двата кандидати за МВП признанието, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо.

Двајцата постигнаа по 31 поен. Српскиот центар имаше 10/20 од игра и 10/11 од линијата за слободни фрлања, подели 11 асистенции, фати шест скока. На другата страна Гркот имаше 13/22 од поле, 5/7 за еден поен, девет скока и 4 асистенции.

Јокиќ имаше подобра поддршка, пред се кај Џамал ​​Мареј, кој запиша 26 поени и девет асистенции, и Мајкл Портер Ј. со 19 поени, додека кај Бакс, Крис Мидлтон, Брук Лопез и Грејсон Ален додадоа по 13 поени.
Резултати:
Атланта – Индијана 143:130
Мајами – Бруклин 100:129
Денвер – Милвоки 129:106
Феникс – Филаделфија 125:105
Сакраменто – Јута 121:113
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110:131
ПретходноБаерн му ја исполни првата желба на Тухел
СледноНа 32 години дебитираше за Шпанија и за две минути постигна два гола!