Баерн му ја исполни првата желба на Тухел

1762

Баерн не беше задоволен од Нагелсман и управата на клубот му врачи остказ, а нов тренер е поранешниот стратег на Борусија Дортмунд, ПСЖ и Челзи, кој од понеделник ќе почне да работи со фудбалерите.

Интересно е што Тухел ќе дебитира по репрезентативната пауза, кога Баерн ќе игра во големото дерби против Борусија Дортмунд, инаку првиот бундеслигаш во моментов. Баерн, да потсетиме, е на позицијата број 2 со бод помалку.

Тухел со голем оптимизам го презеде Баерн, а со себе носи и неколку членови на стручниот штаб. Имаше и посебна желба, која Баерн реши да ја исполни.

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Тухел побарал од клубот во неговиот стручен штаб да го доведе Ентони Бери, со кого соработуваше во Челзи во сезоната 2021/2022. Англичанецот му беше помошник во Лондон, а моментално работи со Роберто Мартинез во португалската репрезентација.

Иако Тухел изјави дека „се бориме за Бери и убедени сме дека ќе го доведеме“, германските медиуми уверуваат дека тој веќе му припаѓа на Баерн и дека клубот веќе го решил.

ПретходноМурињо до Озил: Сине, со твојата девојка има “спиено“ цел тим на Милан, на Интер и плус стручниот штаб!
СледноЈокиќ му покажа на Јаникс кој е МВП, Денвер го растури Милвоки во судирот на најдобрите (ВИДЕО)