Дерби со прекин и навивачи на терен: Вардар води со три гола против Пелистер (ФОТО)

1250

Големата пресметка меѓу Вардар 1961 и Пелистер по првите 30 минути останува во сенка на навивачките групи на двата тима. На одморот е, но она што го распипа овој натпревар, прв оваа сезона меѓу двата најголеми кандидати за титулата е моментот кога влегоа „Чкембари“, а на теренот влегоа „Комити“.

Дуелот беше прекинат по 16 минути при 6-6. И покрај апелот на двата клуба, сепак фановите на Вардар не можеа да се воздржат, па лесно се најдоа на теренот, ова е благодарение на слабата организација на раководството на актуелниот првак.

Се играше изедначено, гол за гол. Лесјак и Томовски се меѓу најдобрите на теренот, а Вардар на одморот оди со 13-10, благодарение на серијата од 3-0 во самиот финиш.

ПретходноДербито е прекинато: Чкембари влегоа во СЦ „Јане Сандански“ и настана хаос (ВИДЕО)
СледноМакедонија У16 подобра од Косово