Елиф Елмас: За Македонија секогаш и во секое време сум тука!

655

По триумфот над Малта со 2:1, во меч од 1.коло во квалификациската група-Ц за ЕВРО 2024, утре нашите “рисови“ ги чека контролката со Ф. Острови. Ова е добра можност да се “врзат“ две победи по ред, иако утрешниот противник не е воопшто наивен состав како што се чини на прв поглед.

И овојпат нашиот главен адут ќе биде нашиот Дијамант, Елиф Елмас, кој денеска пред новинарите истакна:

Не се согласувам дека против Малта не беше во ред. Главно е што победивме и што ги почнавме квалификациите со три бода. Мора да се оди на победа на секој натпревар“ истакна Дијамантот.

Нема дилеми, според него, дека кога се игра за Македонија тоа е нешто друго, нешто посебно.

Мотивацијата се знае кај мене. За Македонија секогаш и во секое време сум тука. Тоа што играм за Наполи останува таму, ова е репрезентација. Дали е важно да победиме? Секогаш. Дали ќе победиме? Ќе се обидеме да победиме во секој случај“ заклучи Елмас.

ПретходноБлагоја Милевски: Критиките секогаш се добредојдени, но ако тие се со факти!
СледноЕпизода број еден: Вардар 1961 vs Пелистер, нека биде ракометна фешта!