Светот пред 24 часа се шокираше од информацијата која пристигна од Шпанија, а која велеше дека српскиот интернационалец Драги Гудељ колабираше на сред терен и итно беше пренесен во болница.
По молкот околу неговата состојба, се огласи братот на Драги, далеку попознатиот српски репрезентативец Немања Гудељ кој преку социјалните мрежи ја сподели сликата од неговиот брат со информацијата дека тој се чувдствува добро. Исто така се заблагодари и на огромниот број на пораки и повици за поддршка, како и на лекарскиот тим на тимот на Кордоба кој што буквално му го спасил животот на младиот фудбалер.
Неговото срце во еден момент престанало да работи и лекарскиот тим морал итно да интервенира. За среќа се што сториле во првиот момент имало сериозен ефект и Гудељ нема да има трајни последици.
— Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj) March 26, 2023