Бостон на една победа до Милвоки, Леброн се врати, но Лејкерси загубија (ВИДЕО)

112

Бостон синоќа беше убедлив на домашен терен против Сан Антонио со 137:93 и сега има победа помалку од лидерот на Истокот, тимот на Милвоки. Џејлен Браун одигра одличен меч за Селтикс постигнувајќи 41 поен и 13 скока, а во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Зек Колинс со 21.

Кошаркарите на Чикаго славеа на гости кај Лос Анџелес Лејкерс со 118:108 за седми триумф во последните девет натпревари. Зак ЛаВин постигна 32, а Демар Дерозан додаде 17 поени за Булс. Со оваа победа Чикаго ја прекина серијата од три победи на Лејкерси и покрај тоа што Леброн Џејмс се врати во тимот од Лос Анџелес по еден месец пауза и постигна 19 поени.

Кошаркарите на Мемфис синоќа на гостински терен го победија тимот на Атланта со 123:119 и со тоа го забележаа шестиот последователен триумф во НБА лигата. Џа Морант се врати во стартниот состав и беше најефикасен во победничкиот тим со 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Мемфис 119:123

Бостон – Сан Антонио 137:93

Кливленд – Хјустон 108:91

Орландо – Бруклин 119:106

Торонто – Вашингтон 114:104

Портланд – Оклахома 112:118

Голден Стејт – Минесота 96:99

ПретходноНагелсман ќе биде наследникот на Конте на клупата на Тотенхем?
СледноУште еден фудбалер на Барселона со клаузула за откуп од 1 милијарда евра!