Како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, по се изгледа дека и ова лето Реал Мадрид не ќе има сила да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, или барем еден од нив. Токму затоа Флорентино Перез веќе ја составил листата со приоритетни засилувања во јунскиот преоден рок. На списокот се четири имиња, а таму ги нема Мбапе и Халанд.
Но затоа прв на таа листа е Габриел Жесус, репрезентативецот на Бразил и напаѓач на Арсенал кој подолго време беше повреден, а минатата сезона играше за Манчестер Сити.
Втор на списокот е Џад Белингам од Дортмунд, а тука се и Габри Веига од Селта и Фран Гарсија од Рајо Валјекано.
Повеќе од јасно е дека ова ќе биде големо разочарување за фановите на кралскиот клуб, кои еве веќе три години, по ангажманот на Едер Азар, а и тој не им се погоди, не можат да се израдуваат на еден мега – трансфер.