Екс-играч на Јунајтед: Фергусон ми нудеше 100.000 фунти да се откажам од фудбал

1149

Некогашниот ирски дефанзивец Пол Мекграт тврди дека Сер Алекс Фергусон му понудил 100.000 фунти за да се повлече од фудбалот пред да направи трансфер во Астон Вила. Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед помина седум години во редовите на „црвените ѓаволи“, каде запиша 203 настапи, постигнувајќи 12 гола.
Легендарниот шкотски менаџер сакал тој да си замине од клубот бидејќи се „дружел“ и пиел со тогашниот напаѓач Норман Вајтсајд.

Сер Алекс влезе во собата и ми рече:
Би сакал да престанеш да играш фудбал. Многу едноставно. И рече дека се подготвени од клубот да ми дадат 100.000 фунти за да престанам да играм фудбал и да се вратам во Ирска. Размислував за тоа затоа што тогаш 100.000 фунти беа многу пари. Но, разговарав со Кевин Моран и Брајан Робсон и само реков дека сакам да продолжам да играм бидејќи мислев дека сепак можам да направам нешто во фудбалот“, изјави Мекграт за Телеграф.

Мекграт го напушти Јунајтед во 1989 година и потпиша за Астон Вила каде одигра преку 300 натпревари, па беше по една сезона во Дерби и Шефилд Јунајтед пред да ја заврши кариерата во 1998 година.

Тој одигра за Република Ирска 83 меча и постигна осум гола во 12-годишната кариера која вклучуваше играње за ирската репрезентација на Еуро 88 и Светските првенства во 1990 и 1994 година.

ПретходноНов проблем за Тотенхем!
СледноУнгарците ја уништија Бугарија, Србите победнички во Подгорица, блескаше Влаховиќ… (ВИДЕО)