Квалификации за ЕП 2024: Балканско дерби во Подгорица, Франција го освојува Даблин

119

Денеска со стартот на новата недела, продолжуваат мечевите од вториот круг во групната фаза од квалификациите за ЕП 2024. Вечерва имаме нови осум натпревари, сите со почеток во терминот од 20:45 часот.

Станува збор за по два натпревари од групите „Б“, „Е“, „Ф“ и „Г“. Во фокусот вечерва ќе биде дуелот во Даблин, каде Франција ќе и гостува на Република Ирска. Избраниците на Дидие Дешамп веќе стартуваа со убедливи 4:0 над Холандија, додека за домаќините ова ќе биде прва средба од циклусот. Евентуална победа и би ги направила „галските петли“ речиси сигурен патник за Германија, имајќи предвид дека во групата е и Гибралтар, а во Германија ќе патуваат првите две најдобри селекции во конечниот поредок.

„Лалињата“ на Роналд Куман ќе се обидат да се опорават од тешкиот пораз од Франција на меч со Гибралтар и тоа на домашен терен. Полска на Роберт Левандовски ќе бара одмазда за поразот од Чешка на средбата со Албанија. За гостите ова ќе биде прв натпревар откако во првото коло беа слободни.

Чесите и гостуваат на Молдавија, која во петокот за малку ќе загубеше на домашен терен од Фарските Острови (1:1).

Балканското дерби е во Подгорица каде Црна Гора ќе ја пречека Србија. И двете репрезентации почнаа со победа во премиерното коло. Србија дома славеше над Литванија, Црногорците се вратија со три бода од Бугарија.

Во групата „Ф“ репрезентацијата на Шведска по тешкиот пораз со 3:0 на домашен терен од Белгија, сега по секоја цена мора да дојде до три бода на мечот кај незгодниот Азербејџан, кој веќе беа поразени од Австрија со 4:1.

ПретходноТотенхем подготвува „летна чистка“ во составот
СледноМВР се огласи: 18 приведени во инцидентот на ракометното дерби