Лионел Меси ќе биде играч на ПСЖ до крајот на оваа сезона. И тоа е отприлика е единствената инфомација за која можеме да бидеме сигурни кога станува збор за Аргентинецот и неговата иднина. Се шпекулира дека Меси би можел да почека да му истече договорот со ПСЖ и потоа да се врати во Барселона како слободен играч, но засега ова е само шпекулација, бидејќи нема официјална понуда.
Сепак, Goal денеска објави дека Меси има официјална понуда на маса, а тоа е она што најмалку го посакува – нов договор во ПСЖ. Парижаните му нудат уште една година соработка и истата е во рацете на Аргентинецот.
Веќе е познато дека Меси го бараат неколку клубови од МЛС, како и Ал Хилал од Саудиска Арабија. Меѓутоа, овој интерес засега е токму тоа – интерес. Се очекува и тие понуди да се официјализираат како што се приближува крајот на договорот на Меси во Париз.