Македонија победи со 1:0 против Фарските острови и по подолго време врза две победи. По триумфот над Малта во квалификациите за ЕП 2024, сега во Скопје се победени Фарските острови.
„Најважно на овој меч ми беше да го видам менталитетот и психолошкиот момент и како јас сум го замислил развивањето на тимот. Значи желба, пристап, ентузијазам, капацитет е се што видов денеска. Поради се ова сум задоволен“, изјави Милевски.
За баражите за СП и новиот циклус на квалификации за ЕП.
„Не сакам да се навраќам на тој период. Имавме многу отсуства, а од друга страна имаме десеттина нови играчи меѓу кои е потребно да се формира хемија, а за тоа треба и време. Таа ситуација и оваа се неспоиви. Сепак, приодот, пристапот и подготовката, енергијата мора да се исти без разлика дали е меч за бараж за СП, квалификации за ЕП или пријателски натпревари“.
За настапот на Јани Атанасов и за тоа кој ќе го предводи тимот на следниот меч со Англија.
„Се наметнува. Двата меча ги одигра сосем коректно, а на Аријан Адеми му посакувам само здравје. Посакувам на секоја позиција да имаме опции и секоја дадена шанса да се искористува. Се е во функција на тимот па и мојот помошник кој ќе го води тимот против Украина затоа што јас сум суспендиран“.
„Благодарност до публиката против Малта. Денеска имаше мала посетеност, веројатно затоа што е работен ден, а 18:00 часот не е идеално време за фудбал. Стадионот сигурно ќе биде полн со Украина.
Во целина задоволен сум од изданието на играчтие на двата натпревари“, додаде македонскиот селектор.