Миовски: Среќен сум, асистенција и гол на двата меча!

237

Бојан Миовски вечерва со гол успеа да ни донесе победа во пријателската средба против Ф. Острови. Во таа 79.минута “бомбардерот“ на Абердин ја затресе мрежата на гостите за победа од 1:0. По натпреварот Миовски истакна:

Нормално дека сум среќен за придонесот во репрезентацијата, головите и добрата форма ја префрлив во репрезентацијата со асистенција против Малта, а еве гол и вечерва со Ф. Острови. Против Малта освоивме три важни бода, тие мечеви се најтешки за играње, бидејќи се бранат длабоко а домашниот терен ни создава проблем да играме што побрзо. Денеска пак беше одличен тест за дебитантите, но и за оние кои имаат помала минутажа. Едноставно да се наметнеме и воиграме за тоа што не очекува во јуни“.

А во јуни не очекуваат мечевите со Украина и Англија:

На посилните селекции можеме да им парираме само ако имаме поголема минутажа во клубовите. Се разбира и со хемија и со тимска игра да постигнеме успех. На тие мечеви интензитет ќе биде огромен, потребна е физичка спремност, доколку играме во клубовите и тоа го префрлиме во репрезентацијата мислам дека имаме квалитет ако играме и со тимска игра. Одлично се знам со тие што дебитираа, одлично ги прифативме, има одлична атмосфера во репрезентацијата“ посочи Миовски.

ПретходноМилевски: Задоволен сум од тоа што го видов од момците на двата меча
СледноНестор го одигра 50. меч во дресот на Македонија: Дуелот со Грузија никогаш нема да го заборавам!