Нагелсман ќе биде наследникот на Конте на клупата на Тотенхем?

371

Откако синоќа и официјално Тотенхем и Антонио Конте ја раскинаа соработката, веќе утрово пристигнуваат првите информации за името на неговиот наследник. Поранешниот менаџер на Баерн, Јулијан Нагелсман би можел да го преземе Тотенхем, но не пред завршувањето на оваа сезона.

35-годишниот Германец е фаворит за тренерската позиција кај лондончани, која до крајот на сезоната ќе биде предводена од Кристијан Стелини.

Стелини привремено го презеде кормилото на Тотенхем по вчерашното заминување на Антонио Конте.

На почетокот на оваа недела, Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен.

ПретходноИ официјално: Тотенхем и Конте се разделија
СледноБостон на една победа до Милвоки, Леброн се врати, но Лејкерси загубија (ВИДЕО)