Нестор го одигра 50. меч во дресот на Македонија: Дуелот со Грузија никогаш нема да го заборавам!

193

Илија Несторовски го одигра 50. меч во дресот на македонската фудбалската репрезенација. Овој јубилеј го одбележе со победа на пријателскиот дуел против Фарски Острови од 1-0.

Несторовски вели дека сите мечеви му се омилени, но сепак го одвои дуелот против Грузија со кој се пласиравме на Европското првенство 2020 година.

„Сите ми се омилени натпревари за македонската репрезентација, но морам да ја издвојам таа со Грузија. Сигурно ќе ми беше некој од Европското првенство, но поради повреда не можев да настапам на шампионатот. Се разбира со Италија во Скопје бев стрелец, но тој натпревар го загубивме, затоа мора да ми биде омилен тој меч кој што го имаме добиено“, изјави Несторовски, кој потоа даде своја анализа околу дуелите со Малта и Ф.Острови.

„Целта пред овој собир беше две победи и си ја остваривме. Победивме со Матла и со Фарски Острови. Респект за секој национален тим, но покажавме дека сме подобри од овие ривали. Сега со голема позитива гледаме кон јунскиот циклус. Тешко е да играш натпревари со ривали кои се бранат, не можеш многу да добиеш бидејќи цела нација очекува победа. Ние бевме концентрирани од почеток до крај, дадовме гол и победивме. Се надевам сите ќе бидеме здрави во јуни, оваа репрезентација од меч во меч игра подобро. Ни следат два квалитетни меча, но ние сакаме да ја продолжиме таа победничка серија“.

ПретходноМиовски: Среќен сум, асистенција и гол на двата меча!
СледноУ-17: Македонија со триумф над Романија!