На Тотенхем му се случија многу проблеми за време на репрезентативната пауза. Од синоќа Антонио Конте повеќе не е тренер, но не е само тоа.
По информацијата за разделбата со Конте, стигна лоша вест. Тотенхем ќе остане без Бразилецот Емерсон Ројал и тоа до крајот на сезоната. Тој го повредил коленото и ќе мора да оди на операција. Според првичните прогнози рехабилитацијата ќе трае седум недели, што значи до средината на мај кога е крајот на сезоната во Премиер-лига.
Емерсон оваа сезона одигра вкупно 32 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања.
Emerson Royal, set to miss next 6 weeks with a knee injury — and it also requires surgery as per @TomBarclay_ 🚨⚪️🇧🇷 #THFC
Operation will take place in the next days — one more blow for Spurs and Stellini. pic.twitter.com/DPlogZFmrj
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 27, 2023