ПОЛУВРЕМЕ: Алиоски во пречката, црногорските судии во бели дресови

701

Македонија и Фарски Острови одиграа без голови во првото полувреме на пријателскиот меч во Скопје. Противникот претежно се брани и гледа со брза транзиција да стигне до нашиот гол, а македонските фудбалери почести се пред противничкиот шеснаесетник.
„Рисовите“ имаа две големи шанси да поведат меѓутоа црногорскиот судија Савовиќ прво не досуди очигледен пенал за нас, а потоа го поништи голот на Етеми поради наводен офсајд.
По едно нафрлување на Алиоски, топката го удри во раката еден од дефанзивците на Фарските острови меѓутоа судијата не свирна ништо.
Етеми убаво се уфрли во нападот (фото) ја прими топката, го заобиколи голманот и погоди меѓутоа арбитарот свирна офсајд.
Во 37 минута по убав контра напад, Алиоски повторно се најде во шанса но шутот со левата нога пак заврши во пречката.
За малку казна во 40 минута. Голема шанса за Фарските острови, нафрлување од левата страна, топката дојде до Радосављевиќ кој шутира преку голот.

ПретходноУ-18: Македонска песна среде Баку, Македонија го победи Азербејџан па следуваше славје! (ВИДЕО)
СледноЧелзи објави нето загуба од 121,3 милиони фунти