За првпат во сениорска конкуренција, македонската фудбалска репрезентација попладнево (18 ч.) ќе се сретне со фудбалската репрезенртација на Фарските острови во пријателски меч како дел од ФИФА неделата за репрезентативни активности. По успешниот старт на квалификациите за ЕП 2024 и победата над Малта (2:1), избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска ќе имаат уште еден тест пред јунското продожение на квалификацискиот циклус во кој не чекаат две исклучително тешки средби со Украина и Англија.
Фарските Острови се само една од пет европски земји со кои досега не сме имале официјален меч. Покрај денешниот ривал Македонија нема меч со Грција, Швајцарија, Сан Марино и С. Ирска. Со сите останати европски селекции имаме одиграно макар еден дуел.
Денешниот ривал во Скопје доаѓа по ремито на гости кај Молдавија (1:1) со кое го почнаа ицклусот квалификации за следното Евро 2024. Фарските острови се 2022 година ја завршија на 123 место на ФИФА листата и се една од најслабите европски репрезентации заедно со Летонија, Литванија, Андора, Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино. Сепак, се подобро пласирани од нашиот противник минатата недела, селекцијата на Малта, која е на 167. место на ФИФА листата.
Средбата денеска ќе ја суди Црногорецот Савовиќ, а Македонија ќе се обиде да ја оствари само втората победа во последните 5 средби на домашен терен.