Вечерва се одиграа осум натпревари од 2.коло во квалификациите за ЕВРО 2024.
Се разбира во преден план беше мечот во Будимпешта на „Пушкаш Арената“ во кој Унгарија просто ја уништи Бугарија, и играчки и резултатски пред се и тоа со 3:0. Треба да се истакне “бомбата“ на Шобошлаи од слободен удар, фантастичен гол.
Србија со головите на Влаховиќ успеа да победи во Подгорица со 0:2 на гости кај Ц. Гора, иако реално не одигра којзнае што. Но важни се трите бода за момците на селекторот Драган Стојковиќ Пикси.
Австрија губеше дома со 0:1 против Естонија, но сепак на крајот победи со 2:1.
Франција како гостин славеше кај Р. Ирска со 0:1, со голот на Павар. Можеби се очекуваше повисок триумф, но сепак трите бода беа приоритет за Мбапе и другарите.
Полсска едвај со 1:0 ја победи Албанија, а Шведска со 5:0 го победи Азербејџан.
Холандија имаше повеќе од 50 удари кон голот на Гибралтар а победи само со 3:0, и Молдавија и Чешка одиграа без голови.
Szoboszlai is himpic.twitter.com/2zoXQVTPoH
— ☻︎⁵ (@geniusENZO) March 27, 2023
РЕЗУЛТАТИ
Австрија – Естонија 2:1
(Каинц 68., Грегориш 87./Сапинен 25.)
Ц. Гора – Србија 0:2
(/Влаховиќ 78., 90+6.)
Р. Ирска – Франција 0:1
(/Павар 50.)
Унгарија – Бугарија 3:0
(Весеи 7., Шобошлаи 26., Адам 39./)
Молдавија – Чешка 0:0
Холандија – Гибралтар 3:0
(Депај 23., Аке 50., 83./)
Полска – Албанија 1:0
(Свидерски 41./)
Шведска – Азербејџан 5:0
(Форсберг 38.. Мустафахазада (авт) 65., Гајкорес 79, Карлсон 88., Еланга 89./)