Челзи објави нето загуба од 121,3 милиони фунти

141

Челзи објави нето загуба од 121,3 милиони фунти за финансиската 2021/22 година, а според клубот причините се санкциите на британското правобранителство кон поранешниот сопственик Роман Абрамович. Рускиот милијардер го стави клубот на продажба во март минатата година веднаш по започнувањето на војната во Украина.
За време на процесот на продажба Челзи не можеше да продава билети и тоа доведе до тежок финансиски удар за клубот. „Сините“ застанаа на нозе по завршувањето на купопродажниот договор во мај.

Во овој период, клубот беше ограничен на неколку начини, вклучувајќи го и недостатокот на приход од денот на натпреварот (од билети, стока, итн.), како и потпишување договори со играчи и спонзори. Ова ги зголеми трошоците и значително влијаеше на прометот на клубот. финансиските ограничувања ќе имаат ефект и во следните неколку години“, пренесува Челзи.

Англискиот клуб додаде дека прометот пораснал од 434,9 на 481,3 милиони фунти и тоа е резултат на враќањето на навивачите на стадионите по пандемијата Ковид-19. Приходите од реклами исто така се зголемија на 177,1 милиони.

Челзи го купи инвестициска групација предводена од американскиот бизнисмен Тод Беоли и „Клирлејк Капитал“. Тие инвестираа над 600 милиони фунти во трансфери ова лето и оваа зима.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Алиоски во пречката, црногорските судии во бели дресови
СледноКонечно водство: Миовски ја тресе мрежата на Фарски Острови (видео)