Јубилеен натпревар за капитенот Ристовски и за Несторовски

172

Капитенот Стефан Ристовски и напаѓачот Илија Несторовски против Фарските Острови обележуваат јубилеи. Несторовски го игра 50-тиот меч за македонскиот национален тим, додека Ристовски по 80-ти пат е на теренот во дресот на репрезентацијата.

Несторовски дебито за Македонија го направи против Украина во октомври 2015 година, а Ристовски првиот меч го одигра против Азербејџан во август 2011 година.

Претходно, на мечот со Малта и голманот Столе Димитриевски го запиша 60-тиот меч за Македонија изедначувајќи се со легендарниот наш голман Петар Милошевски. Столе го нема вечерва.

ПретходноУбедливо најслабо посетен меч на македонската репрезентација
СледноУ-18: Македонска песна среде Баку, Македонија го победи Азербејџан па следуваше славје! (ВИДЕО)