По вчерашниот инцидент на дербито меѓу Вардар и Е. Пелистер одиграно во СЦ „Јане Сандански“, од МВР утрово излегоа со официјални информации. Според полицијата, приведени се 18 лица.
„На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Е. Пелистер во салата Јане Сандански во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување на силство на спортски натпревари“.
Вчера некаде во средината на првиот дел се случи голем инцидент по влегување на навивачи на терен и меѓусебна пресметка на навивачите групи. Натпреварот потоа беше прекинат, па продолжи подоцна, откако капитените на двата тима разговараа со навивачите.