ПОТВРДЕНО: Загреб го престави Моралес како ново засилување за следната сезона

233

Тоа што викендов беше најавено, денеска доби и официјална потврда. Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб утрово го потврди 36-годишно десно крило со кубански пасош, Куни Моралес како ново засилување на тимот за следната сезона. Моралес се сели во Загреб од Вардар со договор на две сезони.

Моралес е во составот на Вардар во последните две сезони.

„Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на најголемата ракометна сцена – во Лигата на шампионите на ЕХФ. Моја лична цел е секако да давам максимум на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне“, изјавил  Моралес.

ПретходноФарските острови вечерва со шест промени во тимот, старт со само еден напаѓач
СледноФИФА во небрано: Виси СП до 20 години затоа што Индонезија не дозволува Израел да влезе на нивно тло!