Конечно и ние на спортски план да избиеме медиумски на првите места на Балканот, па макар и за нешто што нема врска со фер – плејот, со спортското витештво.
Имено вчера во “Јане Сандански“ се одигра “вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер, познато е дека победи домашниот состав, но дербито го одбележаа неколку инциденти, прекини и тоа по “заслуга“ на двете навивачки групи, Комити и Чкембари.
Па така по се ова се огласија и поголем дел од балканските медиуми…
„Скандал, инцидент, брука, хаос...“ беа само дел од насловите со кои тие ги опишаа вчерашните настани, а нам ни остана срамот.