Тотенхем подготвува „летна чистка“ во составот

342

Само ден по заминувањето на Антонио Конте, екипата на Тотенхем веќе размислува и за играчки промени во составот за следната сезона. Прв на листата на оние кои ќе го напуштат Лондон ова лето е францускиот репрезентативен голман, Уго Лорис.

Лорис влегува во последната година од договорот со Спас, а тоа, наводно, го натерало клубот да бара алтернативи за да го продаде францускиот голман и да заработи добра сума пред да му истече договорот. Ако успее да го продаде за добра цена, Тотенхем ќе мора да донесе негова алтернатива. Во прв ред сопственикот на тимот Леви е заинтересиран за Давид Раја, а во игра би биле и имињата на  Роберт Санчез и Дин Хендерсон.

ПретходноПу, пу не важи: Газдите на Манчестер Ј. велат дека не сакаат да го продадат клубот!?
СледноКвалификации за ЕП 2024: Балканско дерби во Подгорица, Франција го освојува Даблин