ФИФА во небрано: Виси СП до 20 години затоа што Индонезија не дозволува Израел да влезе на нивно тло!

165

ФИФА се најде во неочекувани проблеми, откако мораше да ја одложи ждрепката за Светското првенство за фудбалери до 20 години. Имено, ФИФА има проблем со домаќинот на турнирот Индонезија, која е против учеството на Израел на турнирот.

Одлуката беше објавена пет дена пред ждрепката што требаше да се одржи на Бали, а Светското првенство е планирано од 20 мај до 11 јуни. Израел требаше да дебитира на овој Мундијал, но веќе се шпекулира дека тоа нема да се случи. Имено, гувернерот на Бали, Вајан Костер, побара на Израел да му се забрани учество поради ситуацијата во Палестина.

Одредени исламски групи одржаа протести и во Индонезија и јасно кажаа дека не сакаат учество на Израел. Сепак, Фудбалскиот сојуз на Индонезија и локалните власти се согласија со условите за организација на Светското првенство. Израел за првпат се пласираше на Светското првенство до 20 години.

ПретходноПОТВРДЕНО: Загреб го престави Моралес како ново засилување за следната сезона
СледноСолун на нозе: Миленкоски го носи ПАОК во големото финале