Изјавата на Тадиќ ги разгневи Црногорците: Ние сме ист народ!

1824

Синоќа во Подгорица, во балканското дерби, Србија со двата гола на Душан Влаховиќ успеа да ја победи домашната репрезентација на Црна Гора со 0:2 и со тоа да освои големи три бода во битката за пласман на ЕВРО 2024.

Иако Србија сне одигра којзнае што, сепак индивидуалните квалитети на Влаховиќ вродија со плод.

По мечот радост кај победниците, а тага кај поразените.

Сепак белег на ова дерби “даде“ капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, кој по мечот несакајќи даде несмасна изјава:

Секако дека сакам и Србија и Црна Гора да се пласираат на ЕВРо 2024, па ние сме ист народ. Посакувам успех на двете селекции“ рече тој.

Домашните му замеруваат на капитенот на Србија за она …ние сме ист народ.

ПретходноДрама во Мајами: Тенисерка падна на теренот, па ја однесоа со инвалидска количка!(ВИДЕО)
СледноИлиевски: Триумф против Словачка за комплетно успешен подготвителен период